Осум жени уапсени во ресторан во тетовско

 

 

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 00:00 до 02:30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објект во село  Горно Седларце- тетовско.

Притоа, во објектот се затекнати осум женски лица (пет од Република Албанија и три македонски државјанки). Албанските државјанки (на возраст од 25 до 45 години) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Во истиот период била спроведена акциска контрола и во угостителски објект во село Желино-тетовско. Во тој објект биле затекнати шест женски лица (едно од Косово и пет македонски државјанки). Косовската државјанка на возраст од 23 години била приведена и предадена за натамошна постапка.

 

 

 

14.11.2018 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега