Акција на полицијата: Уапсени 28 лица во угостителски објекти во гостиварско

 

 

Вчера во периодот од 04:00 до 07:00 часот во угостителски објекти на улиците „Беличица“ , „Мара Угринова“, „29 Ноември “,  и „Борче Јовановски“ во Гостивар била спроведена акциска контрола за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето или го злоупотребуваат туристичкиот престој.

Притоа, во објектите биле пронајдени 14 албански држвјанки на возраст од 17 до 57 години. Во периодот од 04.00 до 08.00 часот била спроведена и акциска контрола во угостителски објекти во гостиварските села Чајле, Форино, Чегране, Неготино-Полошко, Дебреше и Добридол. Во акцијата биле откриени вкупно 28 албански државјани со нерегулиран престој во нашата земја, поради што биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци  и радмисија за натамошна постапка.

 

 

 

14.11.2018 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега