Две возила се искршија во Скопје - пет лица итно однесени во болница
Во 19.30 часот на крстосницата од булевар „Никола Карев“, улица „Самоилова“ и улица „Максут Садик“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Б.А. од Кочани и патничко возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С.Г. од село Буковиќ, скопско.
Од незгодата со повреди се здобиле возачот Б.А. и сопатниците во возилото „Рено трафик“, М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани. Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди.
Б.А. и Г.Г. со возило на Итна медицинск апомош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Возачот С.С. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа