Тажна вест: Почина жената голем пријател на Македонија и на македонскиот народ

 

Синоќа почина Рина Павловна Усикова, руската лингвистка, докторка по филолошки науки, професорка на Филолошкиот факултет на московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов” и членка на Македонската академија на науките и уметностите.

Таа е еден од најголемите македонисти во Руската Федерација и во светот, голем пријател на Македонија и на македонскиот народ.

Рина Усикова е родена на 11 март 1933 година во Москва. Таа првпат ја посети Македонија во 1965 година, па го научи македонскиот јазик, фокусирајќи се на говорот на водечките режисери и актери на Македонскиот народен театар. Нејзиното истражување на македонскиот јазик беше под менторство на професорот Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

Рина Усикова е авторка на повеќе од 100 научни публикации, меѓу кои најзначајни се „Македонски јазик” (1985) и „Граматиката на македонскиот литературен јазик” (2003). Поради нејзините професионални активности Усикова стана добитник на Орден на југословенското знаме (1989) и на Медал за заслуги за Македонија (2007). Ова е голема загуба за нејзините роднини, за научниот свет, за нас, објави амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

 

 

 

15.11.2018 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега