СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги објасни своите скандали наместо да зборува за Заев

 

Кога зборувате за склучување јавни набавки, дали според вас е исто така скандал што изминативе години фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ добиле тендери во општина Струмица, во вредност од над 30 милиони евра?

 На пример, фирмата Жикол, чијшто сопственик е Никола Пандев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во сегашниот состав на Советот на општина Струмица, го градеше градскиот плоштад во Струмица. За сума од 3,6 милиони евра! Сопственикот на истата фирма беше еден од главните изведувачи на објектот Глобал.  Истиот тој, од вашите редови, има изградено неколку водоводни и канализациски системи во општина Струмица и

 

30-тина улици и тротоари.

 Зошто не објавите дека во кујните на детската градинка Детска радост – Струмица и на Комуналец – Струмица, зејтин се набавува од фирмата АЛМАКС – Струмица, сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник во републичкото Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, на последните локални избори?

 

 Треба да кажете, кога веќе говорите за јавните набавки во Струмица, дека повеќе од 30 фирми, чиишто сопственици се членови и функционери во ВМРО-ДПМНЕ, добиле тендери во општина Струмица.

 

 Ова само покажува дека Зоран Заев, за разлика од вас и вашите навики, се однесува и работи како градоначалник на сите граѓани на Струмица. 

Интегрален текст од реакција на СДСМ.

23.09.2013 - 15:45

најчитано сега