Извршиле 13 тешки кражби во тетовско, па ги продавале украдените предмети

 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 28-годишниот К.М. од село Дебреше, гостварско и против 47-годишниот И.Д. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение дека извршиле 13 тешки кражби, како и против 41-годишниот Е.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Пријавените К.М. и И.Д. кражбите ги извршиле во периодот од август до ноември годинава во Гостивар и селата Дебреше и Врањовце. Тие со употреба на сила влегувале во куќи на времено вработени во странство, додека Е.М. им ги откупувал украдените предмети за кои знаел дека потекнуваат од кражби и потоа им ги препродавал на други лица.

 

 

 

16.11.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега