Голема полициска рација во Тетово
Во текот на изминатата вечер 17/18 ноември 2018 година во периодот од 22 до 2:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово извршена е контрола во седум угостителски објекти во Тетово.
При контролите затекнати се четири лица со нерегулиран престој, три женски лица на возраст од 17 и 18 години од Косово и едно машко лице на возраст од 24 години од Албанија. Исто така во еден објект се затекнати две лица на возраст од 25 години од Тетово и село Порој, кај кои е пронајдена марихуана. Лицата се приведени за понатамошна постапка.
18.11.2018 - 16:55
Фото:
Архива
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа