Се излизгал и удрил во камион: Тешко повреден во сообраќајка пред Крива Паланка - сообраќајот во прекин

 

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа која се случи кај местото викано Просеченик  кај село Псача во општина Ранковце, на магистралниот пат А2, Куманово -Крива Паланка, поради што и сообраќајот е во прекин од 13:45 попладне. 

Се судриле автомобил и камион, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот.

До незгодата дошло кога патничко моторно возило марка пасат, со бугарски регестарски таблици управувано од П.Н. роден 1970 година движејќи се во насока кон Крива Паланка изгубил контрола и удрил во товарно моторно возило, марка Мерцедес, со албански регистарски таблички, управувано од А.А. роден 1972 година, кое се движело во спротивна насока, изјави Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

 

 

 

18.11.2018 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега