Две собраниски комисии ќе одржат седници
Денеска во македонското Собрание седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Законодавно-правната комисија денеска ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка. Членовите на комисијата ќе расправаат и по Предлог-законот за прекршоците, во прво читање.
На дневен ред на седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство исто така е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка.
24.09.2013 - 08:14