Возило со бугарски таблици опожарено во Скопје
Патничко возило „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки било опожарено на улицата „Мирка Гинова“ во Скопје. Случајот бил пријавен рано утринава, во 3.50 часот, во СВР Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, возилото е сопственост на К.С.(32) од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
19.11.2018 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа