Брза посна торта со пудинг и чоколадо - царица на трпезата за Архангел Михаил
Супер посна торта за утрешната посна трпеза за Архангел.
- 600 мл. природен сок од портокал
- 3 лажици шеќер
- 80 гр. пудинг со ванила
- 250 гр. посен маргарин
- 200 гр. желе
- 200 гр. ореви
- 100 гр. посно чоколадо
- 500 гр. посни бисквити
- Се меша пудингот со шеќерот и се додава малку сок за да нема грутки, а остатокот од сокот се става да врие и се вари во него пудингот и се меша додека не згусне.
- Се додава исечен маргарин и се меша да се стопи, па се трга од оган да се лади смесата.
- Исечете ги желе бонбоните, чоколадото и оревите, а бисквитите ситно искршете ги или изронете ги.
- Ставете ги бисквитите во голем сад со пудингот, желе, ореви и чоколадо и измешајте.
- Полека мешајте од долу нагоре за да се соедини.
- Ставете ја смесата во фолија и израмнете, па оставете да се стегне преку ноќ во фрижидер.
- Утредента ставете го на чинија, па растопете 150 гр. чоколадо со 3 лажици масло во микро околу 15 секунди и ставете го ова горе како глазура.
20.11.2018 - 13:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа