Јане Ченто останува во притвор

 

Осудениот за настаните на 27. април во Собранието, Јане Ченто ќе остане во притвор, откако Апелација му ја одби жалбата да му биде укинат истиот.

Јавна седница за неговата жалба за продолжување на притворот се одржа во понеделникот кога тој побара да остане во притвор.

 

– Нема да барам да ми даде куќен притвор или друга мерка, бидејќи моите браќа се во затворот во Шутка, неправедно држени во притвор повеќе од 11 месеци. Жалбата, свесен сум, дека секако ќе ми ја одбиете. Вратете ме во Шутка бидејќи во ваква држава чест е да бидете во затвор во вакво време, рече Јане Ченто.

Ченто од претходно имаше поднесено и гаранција од над 500.000 евра дека нема да избега, но ниту таа не му беше прифатена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега