Почина македонскиот новинар

 

По кусо боледување, на 78 годишна возраст почина новинарот во пензија, Ќенан Хасани кој се до својата смрт живееше и работеше во Битола.

Според сеќавањата на повозрасните колеги новинари од Битола, Хасани првите години од работниот век ги минал како учител во повеќе основни училишта во градот, а подоцна и до крајот на животот беше посветен на новинарството.

Ќенан Хасани соработувал во повеќе печатени и електронски медиуми на албански јазик, а како дописник од Битола посебно бил посветен на теми од сферата на политичкиот живот, културата со посебен акцент на театарот во Битола, образованието и спортот. Хасани беше член во Здружението на новинари на Македонија, соработуваше и другаруваше со колегите од локалните редакции и редовно учествуваше на манифестациите по повод Денот на албанската азбука.

Новинарот Ќенан Хасани беше погребан денеска на гробиштата во Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега