Ганка Цветанова кажа дали ќе се кандидира за претседател на Македонија

Поранешната министерка за култура во владата на Љубчо Георгиевски, Ганка Цветанова за „Независен“ кажа дека засега е активна само со критики кон политиките на актуелната власт на Твитер и нема да коментира дали ќе биде кандидат за Претседател на Македонија на изборите следната пролет.

Таа додаде дека досега не слушнала оти за неа се размислува како за кандидат за претседател ниту, пак, со некого разговарала на таа тема. 

„Ќе останам доследна на тоа што го ветив, нема да коментирам ништо. Впрочем, воопшто не сум активна во политиката со исклучок на твитовите“, изјави Цветанова.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2018 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега