Локвенец: Ги исполнуваме НАТО стандардите, поголем буџет за одбрана и повисоки плати за војниците

Силно сме посветени на интеграцискиот процес што Македонија ја води до полноправно членство на НАТО, како врвен национален и државен интерес, кажа на денешната прес конференција на Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата

„Обезбедуваме повеќе пари за достигнување на НАТО стандардите, повеќе пари за поголеми плати и подобрување на животниот стандард на нашите војници, повеќе пари за опремување на АРМ. По десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување“, кажа Локвенец..

Тој истакна дека во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра.

„Војниците на АРМ, како и сите вработени во Министерството за одбрана добиваат повисоки плати од 5 отсто од наредната година. 30 милиони евра се обезбедени за опремување, за набавка на униформи, за дел од испораката на војнички чизми, подобра храна, резервни делови, обуки и школувања на припадниците на АРМ“, кажа Локвенец и додаде:

„Зборот е збор, од изолирана, поделена и осиромашена држава, за само две години Македонија стана рамноправен партнер со демократскиот свет. По добиената покана, во 2019 година Македонија има историска шанса, стануваме 30 земја членка на НАТО Алијансата. Тоа значи остварување на врвниот стратешки интерес, тоа значи гаранција на нашата безбедност и неповредливот на границите, но значи и повеќе странски инвестиции, достапност до нови знаења и технологии и секако повеќе пари кај граѓаните“, вели Локвенец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега