Акција на полицијата во Скопје - казнуваше и одземаше возачки дозволи
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 24.11 во периодот од 06:00 до 22:00 часот спроведе засилена контрола во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила. Во овој период санкционирани се 79 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 90 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 75 платни налози, четири прекршочни платни налози, писмено опоменати се единаесет возачи, откриени се 46 останати прекршоци, издадени се 19 прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.
Истиот ден, одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 23:00 до 05:00 часот наредниот ден спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 180 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 53 мерки . Исклучени се 18 возачи од сообраќај, времено се одземени 17 возачки дозволи, издадени се 18 мандатни платни налози , откриени се 55 останати прекршоци за кои се издадени 40 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа