СДСМ: Не смее да има амнестија за настаните на 27. април

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ бараше да бидат ослободени насилниците од 27 април, тоа е недозволиво, не смее да има амнестија за оние што планирале и извршиле насилство, велат од владејачката СДСМ.

„Антинародното ВМРО-ДПМНЕ бараше да бидат ослободени од одговороност сите насилници за насилствата во Собранието на 27 април, за мрачните настани против демократијата и против граѓаните. Тоа е истата матрица на Никола Груевски, преку неговиот пион Христијан Мицкоски ставена во функција на одбрана на криминалните политики на режимот кои на Македонија и донесоа само лошо, поделби, уназадување, насилство, загрозување на човековите права, уривање на демократијата и удар врз слободата“, велт од партијата.

Од СДСМ истакнуваат дека не смее и не може да има амнестија за оние коишто планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април.

„Одговорност за насилството на 27 април мора да има“, велат од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега