Арсовски: 2018-та е црна година за македонската економија

2018 е црна година за македонската економија, оценува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Ветувањата на Зоран Заев и неговиот економски тим, кој што го нема како и ветувањата на Заев во своето експозе, кога доаѓаше премиер, тој најави дека согласно нивната програма „План за живот“ секоја година ќе обезбедуваат раст на економијата од 5%. Иако за оваа година согласно Буџетот самите тие предвиделе дека наместо 5% растот ќе биде 3.2% на БДП, факт е дека не успеаја ниту тоа да го реализираат. Реалната црна слика во моментов е дека растот на економијата оваа година нема да биде повеќе од 2.5%. Не им е прв пат да потфрлат на СДСМ, бидејќи лани растот на БДП за 2017 беше 0%. Замислете, Заев и СДСМ се толку неспособни што неколку пати ги намалуваат проекциите за растот на економија. ММФ, Европската комисија, НБРМ, Светска банка, никој од овие релевантни институции не веруваат во проекциите на СДСМ, затоа и тие ги намалија своите проекции за растот на БДП, посочи Арсовски.

Тој потенцира дека неспособноста на СДСМ е до толку голема, што не можат ни своите проекции да си ги исполнат.

-Жално и срамота. Македонија е убедливо на дното во регионот според растот на економиите. Сите околни регионални економии се со раст од над 4%. Ова е резултат на криминалното работење на оваа неспособна криминогена Влада на СДСМ која ја интересираат единствено личните бизниси. Додека секојдневно СДСМ ја задолжува државата и граѓаните и се пробиваат психолошките граници, фирмите блиски до СДСМ не можат да постигнат од работа со тендери, а граѓаните тонат во сиромаштија и преживуваат од ден за ден. Затоа оваа Влада треба да си оди. Што побрзо толку подобро, за Република Македонија конечно да тргне напред, порача Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега