ВМРО-ДПМНЕ: Апелација за Јанакиески и Божиновски донесе политичка не правна одлука

Кацарска судството не успеa да се издигне над политиката и со отфрлањето на издржаните и аргументирани жалби на Јанакиески и Божиновски донесе политичка, а не правна одлука.

Црната власт носи црнило во секоја сегмент на општеството, правосудните органи се егзекутори на политичкиот прогон на  Зоран Заев.

Апелацискиот суд се покажа како уште една алатка во рацете на власта за спроведување на политички прогон.

Република Македонија поради контролата на власта над судството е црн пример за владеењето на правото во Европа.

Судот донесе одлука врз основа на фингирана службена белешка, чија содржина  беше демантирани дури и од претседателот на државата.

Јанакиески и Божиновски се жртви на политички прогон од институциите на системот кои служат како инквизиторни органи против екој неистомисленик на Зоран Заев, не го применуваат законот, туку слушаат нарачки. За ваквите конструкции и законски прекршување одгворност ќе има. Секој кој ја злоупотребил функцијата или го прекршил законот преку позицијата на моќ која моментално ја има, ќе одговара кога ќе се врати демократијата и правната држава  во Република Македонија.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега