Ѓорчев: Заев и неговите 28 министри да си заминат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вестите на Сител порача дека треба да си замине оваа гарнитура предводена од Заев и неговите 28 министри кои се најмногу во историјата затоа што  таму е генераторот на неспособноста, односно таму е генераторот на она што се нарекува нарушување на македонските позиции на државните и националните интереси.

Тој рече дека треба да почне едно пошироко делигимитирање на власта затоа што во моментот СДСМ ја има апсолутната власт во Република Македонија.

-А кога сме веќе кај локалните самоуправи, со жалење да констатирам дека на ниво на Скопје се случува дебакал и фијаско на градоначалникот Петре Шилегов. Значи Скопје како да нема градоначалник година дена наназад, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во врска со загадувањето предложија конкретни  19 итни мерки за намалување на загадувањето.

-Имаме ситуација каде Шилегов, Заев, Златко Марин, градоначалничката на Битола и сите нивни функционери буквално дојдоа на власт со ветување за чист воздух. Вчера како опозиција инициравме јавна расправа и за жал таа јавна расправа се претвори во една демонстрација на ароганција на власта кадешто не понудија ниту едно излезно решение и градоначалникот Шилегов играше игри, потсети Ѓорчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега