ВМРО-ДПМНЕ: Николовски заборави на ветувањето за субвенции за оризот

 

Министерот Николовски заборави и на своето ветување додека беше во опозиција кога ветуваше субвенции од 25 денари по килограм за оризовата арпа и 50 денари за килограм бел ориз. Владата на СДСМ продолжува со својата негрижа за земјоделците. Владата наместо да им помага на земјоделците им помага на откупувачите. Со новата субвенција од 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи парите повторно ќе завршат кај откупувачите, а земјоделците ќе останат без пари и државна помош. Со ваквиот метод на владина поддршка откупувачите ќе ја намалат цената на откуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

„Со оглед на досегашното искуство прашање е и дали воопшто ќе има откуп, имајќи ги во предвид претходните контроли за наводен ГМО ориз кој нанесе огромна штета на брендот на кочанскиот ориз што директно влијаеше на пласманот односно на продажбата. Министерот не се грижи за потребите и решавање на проблемите на земјоделците. Министерот треба да знае дека во Македонија ниту се произведува сертифициран ориз, ниту се увезува за земјоделците да можат да ги искористат оние дополнителни 3000 денари помош“, посочуваат од опозицијата и додаваат:

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот да соопшти колку килограми ориз се откупени со воведувањето на оваа мерка затоа што сме сигурни дека  таа нема да има никако ефект како што немаше и со претходните негови безнадежни мерки за зелката, сливата и праската“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2018 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега