СДСМ: Наместо да лаже ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи вистинска грижа за земјоделците
Можеби антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заборавило, но земјоделците многу добро паметат како оваа партија се однесуваше кон нив и кон нивната мака. Времето на игнорантскиот однос, времето на погазување на трудот на земјоделците и притисоците и заканите кон нив заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес владата предводена од СДСМ и надлежното министерство градат партнерски однос со земјоделците, велат од СДСМ во своето соопштение.
„Со цел да им се излезе во пресрет на производителите на ориз, Владата предводена од СДСМ воведе нова интервентна мерка, дополнителна субвенција од 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа кај регистрирани откупувачи. Оваа субвенција оди директно кај оризопроизводителите, а не кај откупувачите како што лаже лицемерното ВМРО-ДПМНЕ. Со новата дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, од што бенефит ќе имаат директно земјоделците. Субвенцијата се однесува за количините кои се произведени и предадени во период од 1-ви октомври до 25 декември 2018 година, а коишто не надминуваат 5,5 тони по хектар. Покрај оваа дополнителна субвенција, владата предводена од СДСМ уште првата година од мандатот го поддржа домашното земјоделско производство со линеарно зголемување на субвенциите за 10 отсто, а кај оризот зголемувањето беше и до 300 отсто“, велат од владејачката партија и додадаваат:
„Наместо да се обидува да ја лаже јавноста, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нека следи и нека учи што значи вистинска грижа за земјоделците“, сто во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа