ВМРО-ДПМНЕ: Над илјада македонски граѓани умираат годишно од аерозагадувањето
Македонија се гуши. Граѓаните се директна жртва на неспособноста на власта на чие чело е аболицираниот Зоран Заев. Според податоците на Европската агенција за животна средина (EEA), Македонија е најзагадената држава во Европа. Повеќе од 1000 македонски граѓани годишно умираат како резултат на огромното ниво на загаденост на воздухот. Власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Иако СДСМ ветуваше прецизен план и решение на овој проблем реалноста покажува дека такво нешто не постои. СДСМ нема план, ниту волја за решавање на енормното загадување, единствена цел на лажните предизборни ветувања на Заев и СДСМ се докажа дека била манипулацијата на македонските граѓани, со единствена цел, доаѓање на власт. Буџетските средства кои власта ги алоцира за решавање на проблемот со загадувањето се скандалозни. Македонија не може да го реши проблемот со загадувањето со срамни 1,5 милиони евра. Уште поскандалозно е што власта за набавка на лускузни возила и мебел ја потроши истата сума на државни пари, пари на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: Дали овие илјада животи кои Македонија ги губи секоја година како директна жртва на загадување вредат 1,5 милиони ера?
-Дали лубрикантите за кои власта потроши 1,6 милиони евра се повредни од животот на македонскиот граѓанин? Доколку СДСМ навистина сака да го спречи загадувањето, наместо да прави дискриминаторски мерки ние предлагаме владата да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини. Главна одлика на криминалниот картел на власта е неспособноста и расипништвото. Власта не ја интересира здравјето на граѓаните, власта единствено ја интересираат криминалните тендери и грантови кои завршуваат во џебовите на високи партиски и државни фунцкионери. Црнилата надвиснаа над Македонија, црнилата ги гушат граѓаните секој ден, ова зло мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со овие деструктивни и ненародни политики на СДСМ да ни се придружат на собирите ширум Република Македонија, и на протестниот марш во среда во Скопје со почеток од 17 часот од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа