Левица: Детска кардиохирургија се сели кај „Жан Митрев“, судбината на бебињата во рацете на профитот

 

Левица остро реагираше по информација дека детската кардиохирургија ќе се сели во приватната клиника „Жан Митрев“. Според нив, овој потег е погрешен.

„Детската кардиохирургија се сели кај „Жан Митрев“ – со овие зборови денес медиумите ја пренесуваат веста за ПРИВАТИЗАЦИЈАТА на уште еден дел од здравствениот систем. Наместо да инвестира во подобрување на државното здравство, Владата истото го распродава, а државниот буџет го троши на атлантски интеграции. Сега, и судбината на бебињата до една година со најтешки срцеви маани ќе биде препуштена во рацете на профитот, а колачот од зделката ќе го делат корумпираните политичари и бизнисмените“, велат од Левица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега