Данев: Ситуацијата во Скопје е алармантна, власта треба да работи за намалување на загаденоста на воздухот

 

Не држат аргументите во однос на тоа дека се планираат нови зазеленувања во општина Аеродром и дека поради тоа не се прифаќаат амандмани и не се обезбедуваат средства за нови еко дрва. Ако прошетате низ општина Аеродром сигурно ќе забележите дека во многу голем процент има засадено дрвја кои што се млади и нормално нивната вегетација ќе следи во наредните години и ако во некоја општина е неопходно и има простор да се засадат вакви еко дрва, јас ве убедувам дека тоа е во општина Аеродром, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет во Собранието.

Данев додаде дека има засадено едно такво еко дрво, кај трговскиот центар Бисер.

Според него има простор да се засадат уште неколку вакви дрвја, нагласувајќи дека тој лично се надева дека владата на СДСМ ќе има сенс да обезбеди средства, имајќи ја во предвид алармантната ситуација во Аеродром и во Скопје за загаденоста на воздухот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега