Велковски: Градиме по план за граѓаните, интензивно се работи на бројни патни правци низ целата држава
Градиме по план за развој на патната инфраструктура во Македонија. Преку интенизвни циклуси се случува значајна планска изградба на нови патишта и реконструкција на голем број патни правци низ целата држава во интерес на граѓаните, изјави Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата.
„Ова се поважните патни делници, кои се завршени за период од само 1 година или се во изградба во моментов, во рамките на нашиот план за развој на патиштата во Република Македонија. Завршена е изградбата и реконструкцијата на автопатот Демир Капија – Смоквица, на обиколницата во Скопје, на обиколницата во Битола. Извршена е рехабилитација на возната лента на автопатот Петровец – Миладиновци и Кадино – Хиподром, реконструкција на левиот коловоз на автопатот Куманово – Миладиновци, рехабилитација на регионалниот пат од мост Близанско – Калуѓерец, на трета лента на Валандовско брдо, на регионалниот пат Дебар – ГП Блато, регионалниот пат Петровец – Катланово, регионалниот пат Пршовце – Јегуновце и делницата Охрид кај Билјанини извори. Реконструиран е регионалниот пат Гостивар – Колари, како и регионалниот пат Берово – Струмица, регионален пат Сарај – Групчин, регионален пат Битола – Новаци и регионален пат Кочани – Делчево“, рече Велковски.
Додаде дека во тек се градежни активности за изградба на автопатот Кичево – Охрид, автопатот Миладиновци – Св.Николе – Штип, експерсните патишта: Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка, експресен пат на делница Градско – Дреново, експресен пат на делница Дреново – Фариш и експресен пат делница Штип – Крупиште и дека се реконтруираат и транзитните патишта кај Охрид и кај Кавадарци.
Тој најави дека модернизацијата на патната инфраструктура ќе продолжи со несмалено темпо и во следната година.
„Наскоро започнува втора фаза од изградбата на експресен пат делница Крупиште – Кочани, втора фаза од изградба на експресен пат делница Бучим -Радовиш, како и изградба на експресен пат делница Прилеп-мост на Леништа река и доизградба на една лента Крива Паланка – Деве Баир. Во планот е и рехабилитација на неколку патни правци како патниот правец Куманово – Страцин; патните правци Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Свети Николе, Тетово-Попова Шапка, Јурумлери – Драчево, Битола- Демир Хисар. Потоа, Драчево – Орешани, Делчево – Звегор, Делчево – Пехчево, Берово-Виница патниот правец Струмица – Ново Село, како и првците Кавадарци – Росоман и Фурка-Богданци – Гевгелија“, рече Велковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа