Ѓорчев до СДСМ: Потрошивте 7 милијарди евра, а ништо не е направено

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денес во Собранието имаше дискусија по повод новото задолжување од Владата на СДСМ.

Ѓорчев констатираше дека Владата на Заев донесе најголеми буџети и даноци во Македонија, а дека со тие пари и средства ништо не е направено. Долгот е највисок во историјата на Македонија со цели 53 % од БДП.

Тој ја обвини Владата за зголемувањето на акцизата за дизелот со кои исцеди дури 30 милиони евра од народот, а за чист воздух се потрошени само 0,7 милиони евра.

Целата дискисија на Ѓорчев можете да ја погледнете во видеото во продолжение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2018 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега