ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фали со невидливи мерки што народот не ги чувствува ни гледа
СДСМ се фали со невидливи мерки. СДСМ сака да пишува дека спроведуваат мерки, што народот не ги чувствува ни гледа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Загадениот воздух зема се поголем замав, а СДСМ освен што лаже и игра игрици ништо не презема. Клиниките секој ден се повеќе се полнат со луѓе кои имаат здравствени проблеми поради енормниот загаден воздух, стои во реакцијата и се додава:
„Време е да се стави крај на лажните ветувања и невидливите мерки на СДСМ. Народот ќе го казни СДСМ и ќе стави крај на оваа црнила која владее во Република Македонија“.
14.12.2018 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа