ВМРО-ДПМНЕ: Поради загадениот воздух во Македонија на годишно ниво умираат 1.350 граѓани

 

СДСМ е неспособен да се справи со проблемот со загадениот воздух и затоа единствениот адут им се манипулациите преку кои сакаат да ги убедат граѓаните дека благодарение на непостоечките мерки на Заев, Македонците го дишат најчистиот воздух. Имено според податоците на Светска банка, само поради загадениот воздух во Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека илјадници граѓани го изгубиле работно место поради хронични и кардиоваскуларни болести, предизвикани во текот на работењето на отворено.

Власта додека мисли дека е опозиција граѓаните ќе страдаат. Се додека СДСМ бега од одговорност, Македонија ќе биде на прво место на светските листи за загаденоста на воздухот. Додека се расфрлаат со лаги и ги полнат џебовите со народни пари, граѓаните со респираторни заболувања ги полнат клиниките како последица од енормно загадениот воздух. Лагите на СДСМ се веќе препознатливи кај народот и затоа тој ќе ги казни за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2018 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега