СДСМ: Дополнителни привилегии за пратениците не се прифатливи

 

По одредени неофицијални најави пренесени во медиумите, информираме дека за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија дополнителни привилегии за пратеници не се прифатливи, стои во соопштението на СДСМ

„Повластен статус за вработување не смее да има само затоа што некој бил избран или именуван функционер.

Бенефициите треба да им следуваат на граѓаните, а не да се зголемуваат кај оние кои треба да им служат на граѓаните.

Токму поради тоа, СДСМ застана и позади предлогот за намалување на патните трошоци за пратениците.

Пратениците имаат доволно права и бенефиции кои се одредени со закон и со Деловникот за работа на Собранието.

Македонија се гради како едно општество за сите и никој не треба да биде привилегиран ниту дискримиран без разлика на работата што ја извршува.

Доведувањето во привилегирана позиција на пратениците по престанок на нивниот мандат е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост кон кои се стреми македонското општество.

Очекуваме секој пратеник, секој избран или именуван функционер да покаже одговорност, особено во контекст на актуелните стратешки текови и да даде позитивен пример во интегративниот процес“, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега