Кирацовски: Нема веќе пиштење вриштење, Македонија граби напред
Денес, ја посетивме старата градска чаршија во Прилеп се сретнавме и разговаравме со граѓаните, дуќанџиите, луѓето од еснафот. Огромно задоволство ми претставува тоа што гледаме една нова слика и нов ентузијазам. Ја нема загриженоста на нивните лица и го нема стравот од неизвесноста во работата со нивните бизниси. Нема повеќе од оние одмазнички упади во фирмите, нема веќе затворање на дуќаните, упропастување на бизниси, драконски казни и рекет што беше одлика на криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Прилеп, Македонија, ставија крај на оние кои водеа во безизлез и никогаш повеќе нема да си дозволат неизвесна иднина, кажа денеска генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски во Прилеп во изјава за медиумите .
„Граѓаните, дуќанџиите, ја добија својата слобода и никогаш повеќе нема да ја загубат. Безидејното раководство на ВМРО ДПМНЕ предовдено од Христијан Мицкоски, кое денеска тука во Прилеп организира уште еден протести за одбрана на криминалот, нема никаков план. Мицкоски нема став, нема визија, нема идеја. Тој е дел од едно антизападно раководство кое едноставно не е достојно за Македонија„, кажа Кирацоски.
Тој посочи дека е очигледна разликата помеѓу одговорната власт предводена од СДСМ и деструктивната ВМРО-ДПМНЕ.
„Црнила се политиките на рекет и драконски казни. Наспроти тоа, ние создаваме можности и отвораме перспективи, преку намалување на казните и до 75%. Домашните и странски компании сега се изедначени и добиваат значителна помош за инвестирање и отворање нови и подобро платени работни места. Државата сега стимулира брз раст на малите и средни претпријатија преку финансиска поддршка со покривање на 30% од директните трошоци, финансиска поддршка од покривање на 10% од исплатена плата којашто е за 50% повисока од минимало утврдената. Затоа сега платите растат. Од едната страна имате сигурен воз поставен на шини со кој влегуваме во НАТО и ЕУ и обезбедуваме инвестиции и повеќе пари за сите граѓани. Од другата страна има едно изгубено антизападно раководство кое нема ниту став ниту план за Македонија. Македонија одбра да се движи сигурно кон иднина во ЕУ и НАТО со загарантиран идентитет и посебност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбраа да останат во темното минато на криминал, изолација и неизвеснот“, изјави Кирацоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа