ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дозволи со улиците да царуваат криминалците, лихварите и насилниците

 

СДСМ дозволи со улиците да царуваат криминалците, лихварите и насилниците. Црнило го зафати МВР. Граѓаните не се безбедни ниту надвор, ниту во своите домови. Стотици криминалци беа пуштени од затворите и затоа сме сведоци на огромен број грабежи, убиства, вооружени пресметки, запалени автомобили, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Оливер Спасовски наместо со ред и мир се занимава со матни зделки и сомнителни тендери.

-Затоа криминалците чувствуваат закрила и дивеат во Македонија. Секој обичен човек во Македонија се плаши за својот живот, за животот на своите деца и своите најблиски. Чесниот граѓанин се плаши не биде застрелан како обичен минувач или ограбен на улица или дома. Оливер Спасовски со својата неспособност и некомпетентност дозволи министерството за внатрешни работи да се претвори во институција за прогон на неистомислениците на власт, а нем сведок и заштитник на криминалот, се наведува во соопштението од паријата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен ? Уште колку автомобили треба да изрешетаат бандитите кои среде Скопје крвнички погубија две лица, пред да бидат најдени и приведени од Оливер Спасовски?

-Ова мора да престане, затоа што се работи за животите на луѓето, за безбедноста на децата, за иднината на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ го бара тоа што го бараат граѓаните, Оливер Спасовски да си поднесе оставка и да се тргне од министерската позиција. Секој поминат ден значи ново насилство, нов изгубен живот, поголем криминал, поголема корупција, нов грабеж, уште поголемо црнило, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега