ВМРО-ДПМНЕ: Новогодишната честитка за граѓаните од Заев пристигна во форма на повисоки давачки кон државата

 

Власта продолжува да ги осиромашува граѓаните. Заради криминогената и расипничка власт на СДСМ граѓаните ќе плаќаат повисоки даноци. Новогодишната честитка за граѓаните од одродената власт на чело со аболицираниот Заев пристига во форма на повисоки давачки кон државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Земјоделците, оние луѓе кои чесно и макотрпно го печалат својот леб оваа година ќе плаќаат за 50 проценти поголеми даноци од оние кои што ги плаќале досега. Сите оние кои што досега работеле со договор на дело сега исто така ќе плаќаат поголеми даноци за 50 проценти. Оние пак граѓани кои не можат да најдат работа и лебот го вадат од рента, сега ќе плаќаат данок поголем за неверојатни 100 проценти. На удар се и најсиромашните кои во услови на беспарица, среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. Сите оние за кои алчните функционери на СДСМ процениле дека треба да им го плаќаат раскошот. Власта на СДСМ наместо да ги мотивира претприемачите да ја реинвестираат својата добивка во нови производствени капацитети или проширување на старите со цел отворање на нови работни места, дополнително го дестимулира реинвестирањето поради фактот што сега фирмите и за реинвестираната добивака ќе плаќаат данок, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Власта продолжува со погубните политики на штета на граѓаните, за лична корист на врхушката на Бихаќка.

-Партиските и државните функционери ги полнат своите џебови преку црни и криминални тендери и грантови, измислени функции, на штета на обичниот граѓанин. За да биде појасно цели 10 проценти од новособраниот арач ќе заврши во џебовите на новите партиски назначени заменици директори на јавни претпријатија, парите на граѓаните ќе завршат во џебот на измислените функционери со единствена цел задоволување на партиски интереси на СДСМ. Црнилата се тука, црнилата се во форма на погубната даночна политика, во форма на криминалната и одродена власт која работи спротивно на интересите на своите граѓани. Црнилата се за секое загубено работно место, банкротиран земјоделец, осиромашен граѓанин како резултат на новата даночна политика.  Сепак македонските граѓани ја навестија зората, зората која ќе ги порази црнилата. Зората ќе дојде на следните парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а ден потоа кога ќе ја формира власта ќе ги намали сега зголемените даноци, порачаа од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега