УЈП ја најавува најголемата контрола: Ќе ја прочешламе и најмалата пиљара
Управата за јавни приходи информира дека почнала со најголемата контрола во делот на фискализацијата досега. Најавува дека без исклучоци, во сите градови и општини, и најмала „пиљара“ ќе биде контролирана од даночниците.
На терен работат и мобилните екипи на УЈП од 150 даночни инспектори кои од почетокот на септември затворија 21 деловен објект во Велес, 41 во Струмица, 23 во Гевгелија, 29 во Куманово, 69 во Скопје, 19 во Тетово и во Прилеп 20.
- Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти - дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација..., наведуваат во соопштението од Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи посочува дека и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и каква било конотација на работата на даночните служби, ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноците.