Се прислушуваат членови на "Златна зора"
Грчката разузнавачка служба прислушкува членови на неонацистичката партија Златна зора. Прислушувањето било со цел да се докаже вмешаност на приврзаниците на Златна Зора во злосторства по убиството на музичар познат по антифашистички ставови.
– Разузнавачката служба има овластување да прислушкува заради национална безбедност под услов суд тоа да го одобри, наведува изворот.
Грчките власти се обидуваат да докажат врска меѓу Златна зора и криминални активности по минатонеделното убиство на хи-хоп музичарот Павлос Фисас кое наводно, го извршиле неонацисти.
– Прислушкувањето со цел трае извесно време, додал изворот потенцирајќи дека операцијата почнала по убиството на музичарот.
26.09.2013 - 15:20
Фото:
Евести