Червар: Не смее судии аматери да одлучуваат за нашите судбини

 

Стратегот на Хрватска, Лино Червар, беше видно револтиран по минималниот пораз од Германија на Светското првенство, па истакна дека судските одлуки се чиста кражба.

- „Нам ни одеше, но судиите не ни дозволија да победиме, морам да го кажам тоа јасно и гласно. Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Тие и Данците не украдоа и на првенствата во 2008, 2009 и 2010 година. Ние ја заслуживме победата. Без никаква навреда, не смее судии аматери да одлучуваат за нашите судбини. Не може нивниот насилнички пристап нам да ни ја украде победата. Игравме лошо со Бразил, но денес ја надигравме Германија. Ние, граѓаните на Хрватска, мора да се бориме за достоинството и да не дозволуваме некој да не краде јавно. Мора да им честитам на играчите, тие одиграа херојски. Лошо е кога однапред се знае победникот. Овие судии треба да бидат елиминирани од судиската организација“, изјави Червар, пренесе Гол.мк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега