Ужас: Си ги убил родителите па ги фрлил во септичка јама

 

Со даска си ги убил родителите па ги фрлил во септичка јама. Вистински хорор во семејеството Стаменковиќ ги вознемири граѓаните на Ниш, Србија. Како што јавуваат српските медиуми, 44 годишниот син ги убил своите мајка и татко на возраст од 63 и 71 година, бидејќи му замерувале што ја оставил претходната жена со која имал 2 деца и почнал да се забавува со нова, која исто така е осомничена дека му помогнала во убиството.
За приказнаа да биде уште поужасна, српските медиуми пишуваат дека мајката починала веднаш откако синот почнал да ја удира со даската по главата, додека таткото, се уште давал знаци на живот кога синот го фрлил во септичката јама.
До инцидентот дошло пред една недела кога 44 годишниот М.С. заедно со својата 38 одишна девојка се враќал дома. Родителите излегле на вратата од домот и го прашале кога мисли да се врати кај сопругата со која има 2 деца. Тогаш синот земал дрвена мотка од дворот и почнал да ги удира. Очевидци велат дека мајката го молела да ја поштеди, но тој бил безмилосен. Потоа, телата ги ставил во количка за малтер и ги фрлил во септичката јама, во што му помогнала и девојката.
44 годишниот маж и е ознат на српската полиција како човек кој повеќе од 50 пати бил пријавуван за семејно насилство, а одлежувал и затворски казни за кражби.

27.09.2013 - 10:49

најчитано сега