СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека се подготви за пораз на претседателските избори

 

Од владејачката СДСМ, преку соопштение велат дека јавноста набрзо ќе дознае кој заедно со Христијан Мицкоски ќе застане против ЕУ и НАТО, против иднината и напредокот на Македонија.

„Она што е очигледно е дека конкурсот за избор на таков кандидат е една обична фарса на антизападната ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски лично го бира негов фаворит.

Кој и да биде кандидатот на Мицкоски може само да се подготви за пораз на претстојните избори. 

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нема да дозволат нова антизападна марионета на Мицкоски и Груевски.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори е со единствена цел, Мицкоски да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која очигледно не го поддржува во неговите погубни политики.

Тоа се докажа и преку неуспешната интерпелација за министерот за надворешни работи којашто едвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа.

Кога ќе има парламентарни избори не зависи од расположението во скапоцениот дворец, туку од интересите на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се спремаат за пораз на претседателските избори, нека се спремат за пораз и на парламентарните избори, кога и да се одржат.

Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато.“ се вели во нивното соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега