Ѓорѓиевски: Хаосот и незаконието стануваат редовна појава во Скопје, Спасовски не презема ништо
Оливер Спасовски може да го злоупотребува МВР и медиумите и да лаже дека Скопје е побезбеден од Стокхолм и дека тоа е благодарение на него, но реалноста за жал е сосема поинаква. Во Скопје владее безредие, а на удар се банки, бензински станици, локали и буквално секој што поседува пари или било каков имот, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и додаде:
„Криминалот царува, особено пред избори кога партиите од власта не бираат средства за да ги наполнат нивните каси. Криминалците оперираат, Спасовски не презема ништо и затоа отворено се сомневаме дека постои отворена спрега меѓу нив.“
Ѓорѓиевски посочува дека хаосот и незаконието стануваат редовна појава на улиците на Скопје.
„Вчера апелиравме дека власта нема контрола и дека криминалот царува, не поминаа ни 24 часа, а сведоци сме на фрлени бомби во угостителски објект и вооружен грабеж како од филмска сцена. Синоќа во 1 часот и 35 минути по полноќ на угостителски објект во близина на Бит пазар е испукан проектил од рачен фрлач, при што е оштетен објектот каде што е фрлен проектилот, но оштетени се и соседните објекти. МВР случајот уште го нема расчистено.
Се молчи и за опожарено возило на сопственик на неколку казина. Во третиот случај со закана со автоматски пушки ограбена е експозитура на Халк банка во Визбегово на Качанички пат. Разбојниците украле непозната сума на пари. Како на филм ги легнувале на земја вработените и им се заканувале дека ќе ги убијат. МВР и во овој случај не реагира. Сторителите се непознати, а штета е направена.“
-Власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски не можат да воспостават ред. Граѓаните секојдневно се жртва на насилници и криминалци, а полицијата чија основна дејност е да ги заштити граѓаните со прст не мрднува. Граѓаните заслужуваат да живеат во стабилна држава. СДСМ мора да си замине. СДСМ не е во состојба да го осигура јавниот ред и мир. Порастот на криминалот е уште една причина за предвремени парламетарни избори заедно со претседателските, потенцира Орце Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа