Македонски и грчки бизнисмени се сретнаа во Гевгелија

 

Вчера во Гевгелија се одржа бизнис-средба помеѓу грчки и македонски производители, ворамки на проектот финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка што го реализира Фондацијата за локален развој од Гевгелија во соработка со Стопанската комора од Кукуш.

- Здружението на производители на фармацевтски и ароматични билки во пограничниот регион многу ќе придонесе, посебно во нашата земја, за поголема застапеност на ароматични растенија бидејќи во регионот на Грција веќе се одгледува лаванда, оригано и мелиса од кои се произведуваат етерични масла за европскиот пазар, па сега тоа искуство преку формирање посебен кластер ќе се префрли и во Македонија, беше нагласено на средбата.

На средбата поздравно обраќање имаше и градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов кој изрази надеж дека проектот значително ќе придонесе за унапредување на производството на ароматични и фармацевтски билки кај нас.

27.09.2013 - 13:48
Фото: 
Сител

најчитано сега