Михаил Кирков седна во претседателската фотелја на Трговската комора при ССК

 

Михаил Кирков од компанијата „Мај принт“ е новиот претседател на Трговската комора при Сојузот на стопански комори. Тој на новата функција  доаѓа на местото на Зоран Неделковски, а претходно беше потпретседател на истата.

- Како повеќегодишен член на Комората, свесен сум за големата одговорност и поддршка која ми ја дадоа колегите. Се надевам дека успешно и со засилено темпо ќе ја продолжам работата. Продолжуваме со работните состаноци со државните институции, нашите управни одбори, како и вмрежување на сегашните, но и на новите членки кои сакаат да станат дел од Трговската комора, вели Кирков.

Инаку, трговската комора е една од најактивните во ССК, функционира од 2004 година и брои над 180 реномирани компании членки кои имаат можност еднакво да ги излагаат своите специфични интереси.

 

27.09.2013 - 14:23
Фото: 
настани

најчитано сега