Србија очекува во јануари да ги започне преговорите за ЕУ
Белградскиот весник Данас пишува дека Србија сигурно ќе го започне процесот на преговори за членство во ЕУ во јануари идната година. Весникот додава дека за тоа нема да има никакви дополнителни услови и покрај изјавите од Германија дека Србија не одговорила на сите очекувања.
Врз преговарачкиот процес не би требало да влијае инцидентот во Косово неодамна, во кој во Звечан беше убиен припадник на ЕУЛЕКС, додава весникот.
30.09.2013 - 09:08
Фото:
ртс