„Ако не си моја, нема да бидеш ничија“ - со чекан си ја усмртил сопругата

 

Вистинска трагедија се случила вчера во Белград.  Триесет и три годишниот Јадран С. со чекан ја убил својата  триесет и три годишна сопруга Катарина А. во семејната куќа во населбата Палилула во Белград.

Двајцата сопружници се расправале околу разводот и по големата расправија настанало убиството. Тие имале две ќерки 

- Во моментот на трагедијата ќерките не биле дома. Додека ги пакувал куферите Јадран и Катерина почнале кавга. Јадран во еден момент тргнал кон излезот, но нагло се завртел и го дофатил чеканот, кој бил во близина, и неколку пати ја удрил Катерина во главата. Јадран пред полицијата изјавил дека ако: „Не биде моја нема да  биде ничија“, велат сведоците. 

Откако се освестил и увидел што направил тој сакал да си го оздеме животот скокајќи од терасата на потпокривот.

 Итната помош веднаш дошла, по повикот на братот на Катарина, но таа веќе била мртва. Јадран бил пренесен во болница со повреди на колкот. 

30.09.2013 - 11:32

најчитано сега