Внука на Баба Ванѓа тврди: Бугарската пророчица беше под влијание на демони!

 

Касимира Стојанова, роднина на баба Ванѓа, во својата книга „Вистината за Ванѓа“ која ја издаде неодамна, напиша дека нејзината баба била под влијание на демони.

 Во книгата има примери преку кои се тврди дека Ванѓа била поврзана со демоните и дека никогаш немала нешто заедничко со Бог,како и дека  нејзините предвидувања немаат ништо заедничко со Божјото откровение. 

-  „Се сеќавам на денот кога наполнив 16 години. Се сеќавам по тоа што по вечерата во нашата куќа во Петрич Ванѓа изненадно почна да зборува обраќајки ми се на мене. Тоа веќе не беше таа, слушнав глас на сосем друг човек: „Секој миг си под нашето будно око". Потоа ми раскажа се што сум правела во текот на денот. Останав без зборови. Потоа ја прашав тетка ми: Зошто ми го кажа сето тоа? Ванѓа се зачуди: „Ништо не сум ти кажала". Меѓутоа, кога и кажав се што сум слушнала од неа, таа тивко одговори: „Тоа не бев јас, тоа се други кои се наоѓаат покрај мене. Едните ги нарекувам „мали сили", тие ми кажаа што си правела во текот на денот, но постојат и „големи сили". Кога тие почнуваат да зборуваат со мене, односно преку мене, јас губам многу енергија, ми се лоши и после тоа сум многу изморена", е дел од она што е напишано во книгата.

-  „Сознавајќи за несреќата која доаѓа, мојата јадна тетка бледее, паѓа во несвест, од нејзината уста излегуваат неповрзани зборови, а нејзиниот глас во таквите мигови нема ништо заедничко со нејзиниот обичен и нормален глас". Гласот е многу силен, нејзиниот речник во таквите моменти се разликува од секојдневниот речник на Ванѓа. Како некој разум да се вселува во неа, како да и ги соопштува судбоносните случки. Таа тоа го нарекува „голема сила" или „голем дух". Мислам дека нема потреба да говорам за тоа кого Ванѓа го нарекувала „голем дух", е само уште еден извадок од книгата.

Инаку, во последно време се шпекулира дека  Бугарската православна црква ќе ја вброи Ванѓа во редот на светителите.

30.09.2013 - 11:50
Фото: 
Пулс24

најчитано сега