Грците го користат интервјуто на Шеќеринска како аргумент против Македонија

 

Грчките власти ги користат изјавите на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска како аргумент за да ги потврдат своите ставови во однос на Македонија, анализира Нетпрес

Како што дознава порталот, грчките политчари делеле копии од интервјуто на заменичката на Заев меѓу своите европски колеги во Брисел.
Шеќеринска во интервјуто грчкото издание на „Еуроактив“, како што објавува Нетпрес, зборува во корист на грчки позиции велејќи дека премиерот Никола Груевски е тој што не сака да најде решение за спорот за името и дека го користи за да создава внатрешни непријатели, потоа го критикува спроведување на реформите и состојбата на медиумите во земјата. Сите овие изјави сега грчките политичари во Брисел ги користат за да ги убедат колегите од другите земји дека се во право кога не дозволуваат на Македонија да и’ се додели датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија и ја државата земјава надвор од НАТО веќе пет години.

Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ вчера побара од Шеќеринска да им се извини на македонските граѓани за нејзините изјави.

„И СДСМ и Радмила Шеќеринска имаат секакво право да се борат против оваа власт и Влада, но не преку грбот на националните и државни интереси. Тие може да не критикуваат за што ќе посакаат, но мора да водат сметка кога во прашање се толку суштествени прашања како спорот што е наметнат од Грција. Напаѓајќи ја Владата, во овој случај повеќе ја напаѓаат државата“, рече пратеникот Влатко Ѓорчев на вчерашната прес конференција во Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.

Политичките аналитичари за Нетпрес изјавите на Шеќеринска ги оцениле како штетни за Македониј. Според нив, Шеќеринска ги нарушува преговарачките позиции во спорот за името, и ги затемнува македонските црвени линии и и дава големо алиби за грчката дипломатија. 

30.09.2013 - 12:44

најчитано сега