Зад затворени врати продолжува судењето за „Ликвидација"
Денеска зад затворени врати, без присуство на јавноста продолжува судењето за случајот „Ликвидација", пренесува Плусинфо.
Во Кривичниот суд во Скопје ќе се изведуваат доказите од посебните истражни мерки за обвинетите во случајот „Ликвидација“ меѓу кои е и новинарот на Нова Македонија, Томислав Ќежаровски.
Инаку, пред неколку денови притворот на Кежаровски беше продолжен за нови 30 дена и тоа по петти пат. Кежаровски е обвинет дека во два текста го открил идентитетот на заштитениот сведок во случај поврзан со убиство.
30.09.2013 - 12:40
Фото:
Нетпрес