Почина штипјанецот кој до смрт си ја избоде сопругата среде центарот на Штип
Утрово во Клиничката болница во Штип почина штипјанецот кој во четвртокот со нож ја избоде до смрт својата сопруга.
Како што пренесува МИА, се работи за 59-годишниот Данчо Петров кој пред неколку денови по претходна расправија со сопругата, пред Домот на културата во Штип ја усмрти со неколку убоди од нож , а потоа и самиот се рани. Неговата здравствена состојба утрово се влошила, бидејќи штипјанецот си нанел убодни рани со кои пробил дел од внатрешните органи.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.
30.09.2013 - 14:15
Фото:
Пулс24