СДСМ: Иванов да не молчи туку да одговори како неговиот син купил станови?
Партискиот послушник Ѓорге Иванов, како и во изминатите години, и денеска молчи.
Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори со кои пари син му купил два стана на најатрактивна локација во Скопје кога не е вработен, велат од СДСМ.
„Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови? И со кои пари ги купиле становите бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?“, прашуваат од владејачката партија.
18.03.2019 - 19:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа