Од декември директна авио линија Скопје - Берлин

Од 20 декември годинава авиоагенцијата „Авиопедиа“ ќе организира директни летови од Скопје за Берлин.

Овие директни летови ќе можат да се искористат во понеделник и петок, а според авиокомпанијата цените на авиобилетите ќе бидат поволни, и во нив се вклучени багаж од 20 килограми и дополнителни 5 килограми багаж во кабина, како и сите такси и даноци.

Авиоагенцијата е водечки провајдер на евтини висококвалитетни летови за Косово и за Македонија. Веќе организира директни летови до Цирих, Диселдорф и други дестинации. 

30.09.2013 - 16:44
Фото: 
Џунгла.мк

најчитано сега