СДСМ: Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ работи против реформите и не сака независно и професионално обвинителство

 

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е за одбрана на криминалот, против правдата и против напредокот на државата,велат од СДСМ.

Од партијата велат дека со несериозниот и неодговорен однос во процесот на носење на Законот за јавното обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека амнестијата на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е поважна од правдата, од реформите, напредокот и иднината на  државата.

„Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ работи против реформите и не сака независно и професионално обвинителство. Затоа, наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст за Јавното обвинителство, тие поднесуваат некакви „Принципи и насоки на ВМРО-ДПМНЕ во донесувањето на Закон за Јавното обвинителство“.

Заврши времето кога од белиот дворец се испраќаа насоки за работата на обвинителствата и судовите, кога се нарачуваа и монтираа пресуди и случаи

Денес, во Република Северна Македонија судовите и обвинителствата работат слободно и независно во согласност со законските надлежности, а законите важат за сите и секој кој направил каков било прекршок треба и мора да одговора“ велат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека дколку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите.

„Новиот Закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение и треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата“ стои во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2019 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега